(ФОТО) Искрена исповед – Постојано била во долгови и позајмувала пари: Почнала да се придржува до ова правило – заштедела и ослабнала!

Она што мене ме уништуваше беа импулсивните купувања. Ќе видам нешто што ми се допаѓа и морам веднаш да го имам. Особено ако е на попуст…
„Веќе десетти пат ја молев мајка ми да ми позајми пари за да можам да го поправам автомобилот. Ми даде, секако, но со такво разочарано лице од кое конечно сфатив дека не можам да живеам во постојано долгови до гуша.
Кредитната картичка и минусите на сметката постојано ме опседнуваа,постојано некому бев должна, а автомобилот постојано „поткашлуваше“, а јас никогаш немав ниту денар во паричникот.

Продолжував да си кажувам дека ќе бидам посериозна со парите кога ќе најдам подобро платена работа. И ја најдов, и повторно бев во долгови до гуша. Дојде до таму што родителите почнаа да ми се закануваат дека ќе ми ги укинат сите заеми и тоа со потполно право.
Она што мене ме уништуваше беа импулсивните купувања. Ќе видам нешто што ми се допаѓа и морав да го имам, веднаш. Особено ако беше на попуст.

И така една вечер, како и многу други, лежев во креветот обидувајќи се да заспијам додека низ главата ми се вртеа многу мисли за тоа кому се’ му должам и како сето тоа да го исплатам. А, потоа се сетив на реченицата на мајка ми на која секогаш превртував со очите: „Ако нешто ти се допадне, не купувај веднаш. Почекај да видиш дали ќе го сакаш и утре“.
Решив конечно да ја послушам и тој месец парите да ги користам исклучиво за неопходни работи, Првите неколку недели беше ужасно – ги одбивав сите покани за кафе, возев покрај ресторани за брза храна колку побргу можев за да не дојдам во искушение да влезам. И’, не само што заштедив пари туку загубив и килограми.
Правилото кое себе си го поставив беше јасно – ако навистина го сакаш тој предмет и три дена подоцна ќе го купиш.

Наредниот месец, после тој ударнички штедлив живот, пристигна платата. Не бев ниту свесна дека на сместката имав поголема сума и од минатата плата. Кога ги видов првите резултати сфатив дека штедењето не само што е возможно туку и одлично.
Секако, тој прв месец беше строг аскетски и неиздржлив, па сама на себе си поставив нови правила. Решив да не купувам работи кои можам да ги користам само еднаш (да кажеме кафе, сендвич, погачки од пекара, пиво во кафуле). Од друга страна, ако нешто сакам и три дена подоцна, па и кафе, ќе си купам.

Не можам ниту да ви опишам колку импулсивни купувања беа спречени со ова едноставно правило. Се сеќавам дека еднаш потклекнав и купив сендвич и толку се разочарав во себе бидејќи дома можев да направам поефтин и подобар па решив никогаш повеќе да не потклекнам.
Кафе си правев дома а и храна си носев од дома. Штедев а одвишните килограми се топеа. И не само тоа, се топеше и мојата стресна состојба. И, поради тоа, на сите им го препорачувам ова правило од три дена и една употреба. Верувајте,ми ќе ви го промени животот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …