(ФОТО) Изложба на современ накит ‘DIFFERENCES’

На 7.ми декември во 18. часот во галеријата Вива во Виена, ќе биде отворена изложбата на современ накит ‘DIFFERENCES’ на авторите Јана Ацевска, Глигор Кузмановски и Симеон Шомов од Бугарија.
Изложбата е спој на тројца дизајнери на современ накит од две земји кои творат и експериментираат со различни материјали.
Звучи хаотично! Да, но и одлична комбинација во исто време.

Сличностите и различностите се алката која ги поврзува тројцата автори во една креативна приказна. Секој од нив со својот специфичен израз предизвикува различни чувства.
Три посебни светови, сплотени во еден простор со нивниот уникатен израз. Дали различностите треба да ги разделат луѓето?
Секое парче накит е засебен експеримент кое ја раскажува својата приказна и не води на посебно доживување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Познатите Крестон Дејвис и Ана Вујановиќ и активистите од FairCoop доаѓаат на Фестивалот КРИК

На програмата на КРИК – фестивал за критичка култура, утре 14 декември (петок) во Музејот …