Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје

Еден од музичките настани со најдолга традиција е пред нас – годишниот традиционален концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје”. Концертот ќе се одржи на 12 декември (среда), 2018 година со почеток во 20.00 часот во Фоајето на Македонската опера и Балет.
Младите мандолинсти ќе настапат под диригентската палка на искусните и реномирани диригенти Рамадан и Ерхан Шукри. Дел од програмата ќе бидат безвремените,прекрасни оригинални композиции, напишани наменски за мандолински оркестар од К.Мандонико, Д. Крајдлер, Д. Хакнет, С. Рахмањинов, А. Карас, И. Ордуљ и Љ. Бранѓолица.
Како дел од годишниот концерт, музикологот Тина Иванова, некогашен мандолинист, ќе го промовира изданието на це-де„Ритамот на мандолината” кое ќе биде достапно по промотивна цена за сите оние кои ќе одлучат да дојдат на концертот и да уживаат во звуците на мандолината.

Мандолинскиот оркестар „Скопје”во своите 17 години постоење секогаш на годишните концерти се претставувал со неспорна виртуозност и музикалност, а репертоарот бил исполнет со најрепрезентативните дела од оперската, балетската и симфониската музика од светското музичко наследство.Како носител и амбасадор на македонската музичка традиција и култура,инструменталистите од овој оркестар исполнуваат и популарна забавна музика, стилизиран и обработен фолклор, дела посебно напишани за мандолински оркестри, композиции од македонски автори, како и композиции за деца.
За тоа бил добитник на многу први, специјални награди на престижни фестивали и натпревари надвор од Македонија, како и на Гран При награди освоени во Имотски и Москва.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Познатите Крестон Дејвис и Ана Вујановиќ и активистите од FairCoop доаѓаат на Фестивалот КРИК

На програмата на КРИК – фестивал за критичка култура, утре 14 декември (петок) во Музејот …