(ВИДЕО) Македонецот Ален Зифовски во Америка стартуваше со проектот „Најдобри Ресторани Во Њу Џерси“!

Не сите Македонци кои се иселуваат во земјите каде одлучуваат да го продолжат животот се бават со секојдневните стандардни работи, а еден од нив е Ален…
Ален Зифовски после неколку години во Америка започна со снимање на емисијата „Најдобри Ресторани во Њу Џерси“ (New Jersey) а наскоро и во Њу Јорк (New York).
Ален е креатор и пронаоѓач на блогот „Најдобри Ресторанти N.J“ кој засега го следат околу 30.000 луѓе.
Ален во Њујорк, САД, е веќе пет години и е креатор и CEO na Best Restaurants New Jersey, а на лето истото го започнува и со Њујорк.
„Во секоја епизода имаме по еден популарен гостин. Ја пробуваме и оценуваме храната во ресторани од сите типови во Њу Џерси“, ни рече Ален Зифовски.
Неговата идеја е подлабоко да навлезе во приближувањето на изборот на ресторани во Њу Џерси и Њујорк.
Воден од сознанието дека луѓето во тие градови многу често користеле „помош“ за да изберат вистински ресторан,Ален одлучил малку подлабоко да навлезе во таа проблематика и на еден начин им го олесни изборот.
Во секоја епизода негови гости ќе бидат други славни личности.
На линкот подолу можете да ја видите првата епизода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …