(ФОТО) Големо откритие: Научниците тврдат дека го нашле осмото светско чудо!

Бели и розеви тераси на езерото Ротомахана се скриле под пепелот на големата ерупција, но научниците тврдат дека успеале да ги лоцираат новозеландските Помпеи…
Гранд Кањон, Големиот корален гребен, Монт Еверест, Викториините водопади…дури и да не можете да се сетите на сите природни чуда, најверојатно знаете дека се седум. За осмото чудо на светот, розевите и белите тераси на езерото Ротомахана на Нов Зеланд се верувало дека е засекогаш изгубено после ерупцијата на вулканиот во 1886. година, но научниците тврдат поинаку.

Минатата година научниците Рекс Бан и Саша Нолден нагласиле дека терасите и понатаму постојат, но се затрупани на брегот на езерото. Материјалите на геологот Фердинанд вон Хочестетер помогнале да се докаже постоењето на чудото на природата благодарение на картографските податоци. Пред да завршат под слоевите пепел, кал и камења, розевите и белите тераси мамеле посетители од целиот свет.

Новите сознанија на научникот Ендрју мартин Лори и Џон Марк Воли повторно ја обновиле приказната за некогашното геотермално чудо. Нагласуваат дека нашето разбирање на најголемата ерупција на Нов Зеланд во историјата е непотполно, но и дека мистеријата би можеле да ја разрешат новите технологии со помош на дневникот на геологот од 19. век.

Се смета дека терасите со исклучителна убавина настанувале со таложење на силициум и други минерали од водата која допирала од изворите и ѓешките гејзери. Белата тераса покривала повеќе од 10. илјади квадратни метри, додека помалечката, розевата, служела за капење на пониски нивоа. Најмалечката и помалку позната тераса се нарекувала црна.

Извор: пункуфер.хр

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …