Македонскиот прогресив арт рок бенд Minstrel’s Gallery ќе свири на UNDERFEST 2019

Minstrel’s Gallery е македонски бенд, оформен во март 2013. Нивната музика е комбинација од разни влијанија, како хеви рок, џез фузија, психоделија, европски фолк, експериментална музика и тн, а на кратко ја дефинираат како прогресивен арт рок.

Бендот е составен од Виктор Танасковски – гитара, мандола, вокал; Слободан Танасковски – флејта, клавијатури, вокал; Даме Јовановски – бас гитара, придружен вокал; Кристијан Тодоров – тапани.

Покрај компонирањето и свирењето авторска музика, Minstrel’s Gallery се занимаваат и со визуелна уметност, а сите слики, цртежи и поеми поврзани со нивната музика ги изложуваат на промоциите, концертите, како и во буклетот од ЦДата.

До сега имаат две изданија – “Ignorance leads to Ruin”(2016) и “To…” (2018), а моментално работат на нов материјал кој ќе се најде на третиот албум.

Бендот ќе имате прилика да го видите во недела, на 07 април, 2019 година. Влезот за сите посетители е бесплатен!

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Весна Петрушевска ја откри својата нова љубов: Ова е мажот кој и го украде срцето!

„Еве, ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум …