Внимавајте! Шест знаци на телото дека сте под преголем стрес!

Испуканите усни можат да значат дека вашиот организам е преоптоварен…
Симптом за преголем стрес можат да бидат и испукани усни, крцкање со забите, бели дамки на ноктите и чести инфекции на грлото и градниот кош…
Стресот никој не може да го одбегне, но секако дека би требало да се штитиме од преголем притисок.
Нутриционистката Шарлот Ватс вели дека на стресот можат да упатуваат и некои физички показатели кои често се појавуваат кај лицата кои се под преголем стрес. Ватс вели дека телото кое е под притисок побргу ги апсорбира хранливите материи, што значи дека организмот функционира побрзо, но помалку корисно.
Симптомите кои се јавуваат најчесто се поврзуваат со недостаток на витамини и минерали, што предизвикува крварење на непцата и бели дамки на ноктите.
Нутриционистката вели дека секој симптом укажува на недостаток на одреден витамин или минерал:
1. Испукани усни – витамин Б6
2. Бруксизам или крцкање со забите – витаминот Б5
3. Бели дамки на ноктите – цинк
4. Тврда столица или пролив – магнезиум
5. Тврди акни на рацете или бедрата – витамин Е
6. Чести инфекции на грлото и градниот кош – витамин А
Бројни студии покажуваат дека стресот влијае и на промена на тежината. Истражувањето спроведено на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско покажало дека жените кои минале низ некој стресен настан имаат повеќе склоности кон дебелина од оние кои живеат со мирен начин на живот.

И’, додека повеќето научници тврдат дека стресот има само негативна страна, група научници од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис тврдат дека мало количество стрес може да биде корисно за клеточното здравје.
Истражувањата чии резултати се објавени во списанието Cell Reports упатуваат на тоа дека кортизолот, често нарекуван „хормон на стресот“ можат да ги заштитат клетките кои стареат и да го намалат ризикот од развојот на дегенеративните болести како Алзахајмеровата и Хантингтоновата болест.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …