(ФОТО) Сестрата на Кристиано Роналдо повторно навредува: „Корупција, мафија и пари на…

Луѓе блиски на ѕвездата на Јувентус, Португалецот Кристиано Роналдо, не можат да се помират со фактот дека престижната Златна топка му е врачена на Хрватот, Лука Модриќ.
Елма Авеиро и Мигел Паикасио, сестра на Роналдо и близок пријател, преку социјалните мрежи ги распнале сите кои одлучувале за доделувањето на наградата за најдобар фудбалер на светот.
„За несреќа, ова е свет кој живее од корупција,мафија и пари на кур**ни синови. Божјата моќ е поголема од тој гниеж. Богот доцни но секогаш го прави тоа што треба“, порачала Авеиро на Инстаграм.
Покрај оваа исклучително силна порака објавила слика од Роналдо со порано освоена Златна топка.

„Само ова недостасуваше. неверојатно е што с п рави оваа година“, констатирал пријателот на Роналдо, Мигел, додавајќи:
„Ниту малку не го почитуваат она што и повеќе од доволно го направил за да уште еднаш биде прогласен за најдобар. Фактите говорат сами за себе. Оние кои не сакаат Кристиано да биде награден не можат ништо против бројките од фудбалската историја. Тој е најдобар фудбалер на светот и оваа година“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Оскаровецот признал дека повеќе не му е едноставно да слабее и да се здебелува,по 20. – 30. килограми,за улогите!

Глумецот Кристиан Беил за последната улога се здебелил дури 20. килограми. Во филмот „Vice“ го …