(ВИДЕО+ФОТО) Лука Модриќ ја освои „Златната топка“:„Во мојата кариера ништо не дојде лесно!“

„Во мојата кариера ништо не дојде лесно. Треба да се чека приликата, таа ќе дојде, а тогаш морате да бидете подготвени…“
Италијанскиот новинар Танкреди Палмери синоќа на својот „Твитер“ профил го објави
пласманот по освоени поени за „Златната топка“, уште пред официјално да бидат прогласени
победниците. Она што претходно беше само „протечена“ информација, веќе е потврдено –
годинешен победник е хрватската ѕвезда Лука Модриќ, кој ја освои највредната индивидуална
фудбалска награда со 753 поени.

Кристиано Роналдо, петкратниот добитник на наградата е втор со 476., а третото место е за
светскиот првак Антоан Гризман, кој освои 414. поени. Во топ 10 се Килијан Мбапе, Лионел
Меси, Мохамед Салах, Рафаел Варан, Еден Азар, Кевин де Бруин и Хари Кејн. Со ова се става
крај на доминацијата на Роналдо и Меси, кои беа на врвот во последните десет години.

https://twitter.com/BradleyJackDsgn/status/1069704607159472129/photo/1

Модриќ продолжи да освојува трофеи
Порано Модриќ е прогласен за најдобар играч на Светското првенство, УЕФА го прогласи за најдобар фудбалер во Европа, а ФИФА за најдобар на светот.

Во 2018. година ја освои Лига на шампионите, својот четврт трофеј во најсилното клупско натпреварување. Со Хрватска стана вицешампион на СП во Русија.

Модриќ со освојувањето на престижната награда на France Football ја прекина десетгодишната низа во која доминиааа Лео Меси и Кристиано Роналдо.
Откако ја примил престижната награда Модриќ одржал говор.

„Единствено чувство. Среќен сум и почестен, тешко е да се изразите во овие моменти. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме донесоа до оваа награда, на тренерите,соиграчите, како во Реал Мадрид така и во хрватската фудбалска репрезентација, и секако на своето семејство кое ме надополнува како личност. Неверојатно чувство. Не само поради Лео и Кристиано туку поради сите одлични играчи, Мбапе, Гризман, кои беа во конкуренција.

Тоа е доказ дека оваа година е неповторлива. Голема чест е да се биде тука. И понатаму не можам да се привикнам дека сум дел од фидбалската историја. Дека сум во такво друштво. Целата моја кариера беше обележана со макотрпна работа и верба во себе. Најдобрите работи никогаш не доаѓаат лесно. Во мојата кариера ништо не дојде лесно. Треба да се чека приликата, таа ќе дојде, а тогаш морате да бидете подготвени“, рече Лука Модриќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Смртта на познатата глумица криена повеќе од еден месец?

Американската глумица Сондра Лок починала во 75. година. Според добиените информации Лок умрела на 3. …