(ФОТО) Имал 185. килограми а сега е тренер: „Јадев осум сендвичи со сланина дневно!“

47. годишниот Ралф Лоулес за две години ослабнал неверојатни 107. килограми. Бил тежок 187. килограми, се прејадувал со осум сендвичи со сланина во текот на денот, а потоа одлучил да направи промена.
Откако 15. години не бил во врска, ја променил својата рутина. Денес е тешок 78. килограми и станал личен тренер.

„Кога ќе почнев да јадам не можев да се запрам. Уживав во кабапите, пиците, сланина, во поголемиот дел од денот само јадев. Во само еден ден би изел колку просечно лице во текот на цела недела“, раскажал тој за Daily Mail.
Набргу сфатил дека тоа влијае на неговиот живот.
„Тоа беше многу нездраво. Паднав и на работа и повеќе не можев да работам. Го допрев дното. 15. години немав девојка, почнав да посетувам советник и одлучив да ја вратам контролата над својот живот“, вели Лоулес.

Почнал да следи колку калории внесува дневно, нездравите продукти ги заменил со оние со многу протеини и малку јагленихидрати.
„Бев дебел и несреќен. Во првите неколку месеци ослабнав 63. килограми и имав поттик за понатаму“, додава.
Денеска работи како тренер во теретана а токму вежбањето му помогнало да зајакне ментално и да ја постигне својата цел.

„Почнав да се интересирам за велосипедизам и запишав часови по аеробик. Морав да го тренирам мозокот за да сфатам што е здрава храна и во целина здрав живот. Денес во теретаната доаѓам по 14. пари неделно бидејќи работам како инструктор. Го сакам тоа и имам нова смисла на животот, а сега само уште морам да пронајдам љубов“, заклучува Лоулес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …