Запрете ја настинката на време: Напиток кој спречува инфекции и вируси

Оваа мешавина на најмоќни природни антибиотици, уништува вируси, бактерии и паразити, но ги чисти синусите и го олеснува дишењето.
Состојки:
1/4 филџан рендан лук
1/1 филџан рендан ѓумбир
2 лажички рендан рен
700 мл органски оцет од јаболки
2 лажици куркума во прав
1/4 филџан ситно сечкан кромид
2 чили пиперчиња
Подготовка:сите состојки измешајте ги во голема тегла (имајте предвид дека 1/3 во теглата мора да биде оцет). Теглата ставете ја на суво и ладно место. Секој ден протресувајте ја содржината, така три дена. Течноста исцедете ја во друг сад и чувајте во фрижидер.
Остатоците не ги фрлајте туку искористете ги како прелив за салата, но додајте маслиново масло.
Употреба: иако овој лек има јак вкус, имајте на ум дека не смеете да го разредувате. Едноставно голтнете го, а потоа изедете залче храна за да го отстраните непријатниот вкус. Една лажица од оваа мешавина го јакне имунитетот и лекува настинки.
Секој ден малку зголемувајте ја дозата. Ако имате сериозни тешкотии, од напитокот земајте 5 до 6 пати дневно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

5. начини да го искористите лимонот

Многу од придобивките од оваа супер намирница се неправедно занемарени Лимонот најчесто многумина го консумираат …