(Рецепт) Куркумата го чисти лицето, отстранува акните и подмладува: Чудесен индиски зачин кој вашата кожа ја враќа во живот!

Куркумата е прав која често се користи во индија, како во исхраната така и за лекување на роблемите со кожата…
Познато е дека оваа билка е вистински зачин за здравје, а многу е корисна и во служба на убавината.
Турчинките миењето на телото го кренале на пиедестал на дружење, опуштање и детоксикација, Индијките во негата на кожата користат формула на основа на лековити билки, од непријатната Индија се врзуваат за аерведата, традиционалната наука за животот која користи цвеќе, билки и храна за да избалансира три типа на доша (вата, капха и питта) кои се присутни во секој од нас, а една од нив е вродената доминација.
Кога дошите се во рамнотежа, убавината и здравјето се оптимални.

Употребата на златножолтиот прав, куркума, е еден од начините на балансирање на душата, а Индијките традиционално го користат за подготовка на убтан и пилинг крем за нега на кожата. Низ генерации се увериле дека го чисти, тонира,подмладува и посветлува тенот.
Нивното илјадагодишно уверување го потврдило и новото индиско истражување (објавено во стручниот магазин Journal of Ethnopharmacology), според кое вообичаената формула на убтан има моќно антиоксидациско и УВ заштитно делување и помогнува да се изедначи тенот.
Според рецептот на Тања Краљиќ Стргачиќ, аерведска терапевтка, направете сами традиционален убтан кој чисти, смирува и ги подмладува сите типови кожа.

Измешајте 50. г куркума, 25. г брашно од леблебија и 25. г мелени бадеми. На сувата смеса постепено додавајте и 25. мл млеко од бадеми и 20 мл ружина водичка. Мешајте додека не добиете паста со густина на течен јогурт.
Од смесата вмасирајте во кожата на грбот или лицето и оставете да делува отприлика 20. минути па темелно измијте со природно средство за чистење.
За длабинско делување, пилинг на грбот, покријте со пластична фолија.
Во зависност од типот на кожата, оваа пилинг маска можете, како Индијките, за нега на лицето да ја користите секој ден, додека за чистење на грбот се препорачува еднаш неделно.
Куркумата делува против воспалително, ја смирува кожата, ги ублажува акните, ги намалува хиперпигментациските флеки и лузни од акни, го регулира лачењето на себумот, длабински ја чисти кожата и и дава здрав сјај.

Брашното од леблебија кое исто така се користи во подготовка на убтанот, ги отстранува изумрените клетки кожа и одвишна маснотија и спречува куркумата да остави флеки на кожата.
Брашното и млеко од бадем со своето богатство со витаминот Е ги регулира и хидратизира сите слоеви на кожата, враќајќи и ја мекоста и еластичноста, а ружината водичка, во Индија основен козметички препарат, дополнително хидрира и ја регенерира кожата и го намалува црвенилото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …