После бројни прегледи лекарите откриле дека глумецот е болен од дивертикулитис, односно воспалување или инфекција која може да се појави по цела должина на цревата. Итно му препишале терапија...
Холивудскиот глумец Џерард Батлер (49) е итно хоспитализиран и се наоѓа во болница во Санто Доминго, пренесува The Sun. Неколку дена по ред Џерард чувствувал мачнина и константна болка во желудникот. Итно го префрлиле во болница во главниот град на Доминиканската република бидејќи се сомневале на воспалување на слепо црево.
После бројни прегледи лекарите откриле дека глумецот е болен од дивертикулитис, односно воспалување или инфекција која може да се појави по цела должина на цревата. Итно му препишале терапија, а наскоро би требало да излезе од болница и да се посвети на опоравувањето.
Крајот на оваа година за глумецот баш и не е добар. Пред неколку недели, во пожарот во Калифорнија, на Џерард му изгорел домот. На луѓето им испратил емотивна порака дека во тешките моменти треба да се држат заедно.
„После евакуацијата се вратив во мојата куќа во Малибу. Трогателни пораки се шират низ Калифорнија. Благодарен сум им на пожарникарите, фала на храброста и позитивниот дух“, напишал глумецот.
Многумина му испратиле пораки на подршка.
„Ужасно. Пожарот голта се пред себе. Не можам да замислам како ти е. Држи се, стари“, е само една од многуте.