(ФОТО) Мислел дека заборавиле, но…Фотографиите на Макрон со разголениот маж повторно кружат по интернет!

Францускиот претседател, Емануел Макрон, летоска бил среде голем скандал поради својот телохранител и нагаѓањата далу му е љубовник, а во октомври првиот човек на Франција
станал ѕвезда на социјалните мрежи и тоа благодарение на фотографија на која насмеан
позира со полугол маж.

Се чинело дека и’ едниот и другиот скандал се заборавени, но Фејсбук овие денови ги
разбудил старите духови.

Имено, Фејсбук ја забранил спорната фотографија, бидејќи, како што е наведено, ги крши
правилата на таа мрежа за разголени сцени и сексуални активности. Прво била забранета
само во Франција, но корисниците од другите земји се обиделе повторно да ја објават па
повторно бил пријавен истиот проблем.
Не требало многу време оваа информација да дојде до твитерџиите, уште помалку да покрене
лавина од бесни коментари во кои го обвинуваат Фејсбук дека има политичка агенда, дека го
штити Макрон и ја огранучува слободата на говорот.

Поединци уште додале дека ќе ги избришат профилите на таа мрежа бидејќи повеќе не можат
да кажат што мислат. Затоа, спорната фотографија повторно почнала да се споделува,
овојпат преку Твитер.
Додуша, на некои им било и смешно особено што малку пред Фејсбук да го забрани Макрон,
поради кршење на правилата за сексуална активност, и самите биле во центар на секс
скандал.

Спорната фотографија е снимена при посетата на Макрон на карипскиот остров Сент Мартин,
кој делумно и припаѓа на Франција. Претседателот го посетил островот една година откако
таму беснеел ураганот „Ирма“. Во таа пригода се сликал со двајца црномурни момчиња, од
кои еден е гол до струкот и покажува среден прст. Другото момче на фотографијата е бивш
робијаш.

Оваа фотографија предизвикала голема бура во франција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …