Жерар Депардје сослушан после обвинувањата дека силувал глумица

францускиот глумец Жерар Депардје е сослушан во полициска станица во рамките на истрагата по повод тужбата на една глумица дека ја силувал и сексуално злоставувал, соопштиле полициски извори.
Глумецот бил сослушан, но не му бил одреден притвор, навеле истите извори потврдувајќи ја поранешната информација објавена на радиото РТЛ.
Глумицата, чие име не е соопштено, летоска пријавила дека Депардје (69) сексуално ја злоставувал во август оваа година во нејзиниот дом во Париз.
„Жерар Депардје апсолутно негира било каков напад и силување“, изјавил неговиот адвокат, Ерве Темим, за Франс прес, и додал дека е убеден дека ќе се потврди невиноста на неговиот клиент.
Обвинувањето против Депардје е едно во низа такви обвинувања кои ја погодиле филмската индустрија ширум светот посебно после сексуалниот скандал со американскито продуцент Харви Вајнштајн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …