Тренер открива колку често треба да одите ако сакате да ослабнете!

Ако само што сте започнале да вежбате морате да знаете дека е можно да ги согорувате и мрсните наслаги и да слабеете на наједноставен можен начин – со одење. Многумина се
прашуваат колку е потребно да се оди за да се видат резултати. На тоа прашање одговорила
тренерката Ана Викториа.

„Би рекла дека е идеално да се оди три пати неделно по 30. минути за да се види
напредокот. Важно е да се забрза пулсот на срцето, а тоа можете да го постигнете со
кардио вежби со низок интензитет кое се изведуваат подолго. Пример за тоа е одењето“,
објаснила Викториа.
Тренирајте со низок интензитет се’ додека можете да зборувате за време на одењето, а ако
сте брзи, правете поинтензивни кардио вежби.
Совет на тренерката е да се комбинираат едното со другото откако ќе се здобиете со
кондиција.
„Наместо да одите подолго, засилете го интензитетот. Една минута одете бавно, па една
минута трчете“, препорачала таа.
Исто така е важно да се придржувате до здрав план на исхрана.
„Не можете да видите резултати ако лошо се храните, посебно ако само одите. Исфрлете ги
процесираната храна и шеќерите, внесете протеини, здрави јагленихидрати и масти. Ако така
се храните напредокот нема да изостане“, заклучила Викториа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Смртта на познатата глумица криена повеќе од еден месец?

Американската глумица Сондра Лок починала во 75. година. Според добиените информации Лок умрела на 3. …