(ФОТО) Ѕвездата на „Игри на престолите“ ја измамил сопругата со модел: Се појавиле голи фотографии!

Олга тврди дека имала љубовна афера со глумецот, а дури и објавила фотографија на која, тврди, Харингтон, спиел гол. Глумецот се осврнал на нејзините наводи и рекол дека сето тоа е лага…


Роси Лесли (31) и Кир Харингтон (31), глумци од серијата „Игри на престолите“ се венчале оваа година во мај, а наводно тој не издржал долго со една девојка. Како што пишува The Sun,Кит кој во серијата го глуми Џон Сноу, ја измамил сопругата со рускиот модел Олга Власлова.


Олга тврди дека имала афера со Кит која траела еден месец. На социјалните мрежи дури објавила и фотографија на која, тврди, Харингтон спие гол. Наводно се среќавале во Луксембург пред да се ожени Кит, но продолжиле да се гледаат и после свадбата.
Кит се осврнал на нејзините тврдења и ги нарекол лаги, а изјава дал и неговиот гласноговорник.
„Наводите во оваа приказна се сосема нетопчни. Тој никогаш не бил во Луксембург и никогаш не ја запознал Олга Власлова“, рекол тој.


Роси и Кит се венчале во шкотски Аберден во стариот дворец Вордхил кој е во посед на нејзините родители. Нивни бројни колеги од „Игри на престолите“ биле нивни гости, а меѓу нив Софи Тарнер (22), Емилија Кларк (31) и Питер Динклиџ (49).

Двојката се запознала во 2012. година, на сетот на серијата во која глумеле љубовници. Врската ја држеле во тајност, а ја потврдиле дури во 2016. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …