(ВИДЕО+ФОТО) Одржана претмиерата на серијата „Успех“ на ХБО на македонскиот сценарист Марјан Алчевски

Во Загреб беше одржана затворена премиера на новата серија на ХБО, „Успех“ кој ја режирал оскаровецот Данис Тановиќ.
Сценариото го напиша македонскиот сценарист Марјан Алчевски а говори за несреќен сплет на настани, кога ќе се обидат да помогнат на жртва на насилство. Како последиците на нивните дела почнуваат да се вовлекуваат во секој аспект на нивните животи, тие обични луѓе со различни животни приказни одлучуваат повторно да воспостават контрола над своите животи.

Преку љубов, работа,семејство, верност, несигурност и злочин серијата ги истражува моменталните чувства на фрустрации, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на човекот во регионот но и пошироко.
Главните улоги во серијата „Успех“ ги оствариле Марија Шкаричиќ, Уликс Фехмиу, Ива Михалиќ, Тони Гојхановиќ и Тара Талер. Во останатите улоги се појавуваат Мирослав Чавајда, Нишка Бутијер, Бојан Навојец, Барбара Вицковиќ, Миран Курспахиќ, Тихана Лазовиќ, Вилим Матула, Ѓорѓе Кукулјица, Дајана Чуљак, Диана Вудишин, Филип Маер, Дамир Пољичак, Тена Гајски, Младен Ковачиќ, Павле Матушко, Матија качан, Дора Перојевиќ и многу други.

Извршни продуценти на серијата се Стиви метјус и Џонатан Јанг (ХГБО Европа), а продуцент е Ива Балентовиќ (ХБО Адриа), Небојша тараба и Миодраг Сила, додека супервизор на продукцијата била Ема Тарнер.
Емитувањето ан серијата започнува на 6. јануари на каналите на ХБО и HBO GO.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …