(ВИДЕО) Ја изневеривме Марија но и самите себе: Зошто сме таму каде што сме?

Со денови пишувавме и недели се говореше за настапот на македонската претставничка Марија Спасовска со песната „Дома“ на Јуниор Евровизија која што оваа година се одржа во Минск, Белорусија…
Одличен настап имаше македонската претставничка на Детската Евровизија во Минск, Белорусија, а комплиментите на Јутјуб за нејзиниот настап се редат како бисери во ретка огрлица, но….
Погледнете ја Марија Спасовска со „Дома“.

Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.
Лани на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји-учеснички, завршивме на 12 – то место. Оваа година атакуваме на повисоките позиции со песна на Дарко Димитров (музика и аранжман) и Елена Ристеска (текст).
Два дена Македонија имаше можност, преку интернет – ЗНАЧИ БЕСПЛАТНО – да гласа за Марија, да го даде својото глас – БЕСПЛАТНО- и да го поттурне пласманот на македонскиот претставник на оваа музичка мафиестација.

Колку беа важни овие гласови за конечниот пласман се виде во последниот круг на доделување на гласовите…Многу радуваше првата 12. што ја доби тимот на Македонија, но замислете што ќе беше ако и’ кога без соопштувани и гласовите од телевоутингот (преку интернет) Марија добиеше некои стотина бодови па и повеќе…наместо срамните трисеттина (межу најниските)
Повторно потфрливме и не си го „поттурнавме“ своето…Срам да ни е!

Но, срам да и е и на МТВ која само испраќа претставници и тука и завршува секоја грижа и идеја. Наместо да ја анимира македонската јавност со непрекинато потсетување за гласањето за македонскиот претставник, преку сателитот да допре и до иселениците тие не мрднаа со мал прст…

Срам да им е НИМ но и на СИТЕ НАС бидејќи не си ги користиме шансите кои ни се даваат…
Но, Марија е млада, пред неа е допрва сето тоа што ќе си го создаде и изработи, а сигурни сме дека Детската еворивизија ќе ја памти по доброто…И, треба така да биде, а да не се заморува со неумешноста и глупостите на постарите!.
Со среќа Марија!

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …