(ВИДЕО+ФОТО) Триумф за крај – Хамилтон сезоната ја заврши со победа!

Петкратниот шампион на Формула 1, Луис Хамилтон со победа ја заврши сезоната во најбрзиот циркус на светот, откако триумфираше и на трката за Големата награда на Абу Даби на патеката „Јас Марина“.


Иако Луис Хамилтон уште пред еден месец во Мексико ја обезбеди новата шампионска круна тоа не го спречило сезоната да ја заврши во голем стил. После триумфот во Бразил возачот на Мерцедес успеал да слави и во Абу Даби и така дошол, до својата вкупна 73. победа во кариерата.


Второто место на патеката „Јас Марина“ му припаднало на најголемиот конкурент на Хамилтон, Себастијан Фетел од Ферари, кој до целта дошол 2.581 секунда поспоро. На подиумот се нашол и возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен кој од Бриатнецот бил поспор за 12.706 секунди.
Во своијата последна трка во Формула 1, славниот Шпанец, Фернандо Алонсо бил 11. во болидот на Мекларен.

Стартот на трката го одбележал инцидент кога од патеката излетал Нико Хулкенберг во Рено, неговото возило после контактот со Грожнан се превртело,но за среќа минал без повреди.

Луис Хамилтон сезоната ја заврши со 11. победи, рекордни 408. бодови, втор е Себастијан Фетелк од Ферари со 320 бодови, а трет Кими Раиконен со 251. бод. Во генерален пласман Макс Ферстапен е четврти со 249 бодови, откако го престасал Валтери Ботас кој стасал до два бода помалку.
Во генералниот пласман на конструкторите, мерцедес со 655. бодови дошол до титулата.

Наредната сезона во Ф1 почнува на 17. март со трката за Големата награда на Австралија на „Алберт парк“ во Мелбурн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …