(ВИДЕО) Ако го сакавте филмот „Четири венчавки и погреб“ тогаш ќе и се израдувате на тв серијата

Проектот ќе се снима за „Хулу“, а ќе има ммногу јака актерска постава, меѓу кои ќе биде и Енди МекДауел…
Во серијата иснспирирана од култниот филм „Четири венчавки и погеб“ од 1994. година главната улога ќе ја толкува Наталија Емануел која ја знаеме од „Игри на престолите“. Освен неа, тука се и Брендон Мајкл Смит (You’re the Worst), Зои Бојл (Frontier), Џени Џекс (Vikings), Хариш Пател (Run Fatboy Run), Газ Кан (Finding Fatimah), Ребека Ритенхаус (Unfriended: Dark Web), Џон Рејнолдс (Search Party)…
Серијата ќе говори за случувањата на четирите пријатели од Америка, а тоа се Маја (Емануел),Крег (Смит), Ејнсли (Ритенхаус) и Дафи (Рејнолдс). Тие повторно се состануваат на венчавка во Лондон, но им претстои турбулентна година со љубовни романси и раскинувања…
Снимањето на серијата почнува наредната година, а до тогаш потсетете се на оригиналниот филм…кога веќе никој не го прашал Хју Грант за римејкот…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Ѕирнете во гламурот на „кралската небеска палата“: Ова е најлуксузниот авион на светот!

Пред пет години „Four Seasons” ја дизајнирал луксузната атракција „Private Jet Experience”. „Кралската палата на …