(ФОТО) Утре се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Oд утре се отвора лизгалиштето во СЦ „БорисТрајковски“ каде што посетителите ќе може да уживаат во рекреативно лизгање, уметничко лизгање и хокеј.

„Утре, (петок 23.11) се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ со најдобри услови досега и најдобро подготвен мраз по светски стандарди. Не очекуваат многу натпревари во хокеј и уметничко лизгање, за кое годинава ќе има двајца професионални тренери. Ќе има и повеќе термини за рекреација, а цените остануваат исти – 150. денари со изнајмени лизгалки и 100. денари со сопствени. Наутро ќе се одржуваат тренинзи по уметничко лизгање, а рекреативно ќе може да лизгате од 10:00-22:00, со мали паузи од 16:00-19:00 кога ќе има хокеј тренинзи. За викенд целодневно ќе може да уживате во рекреативното лизгање“, велат оттаму.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Денеска се слави Светата маченичка и девица Сузана!

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а …