(ВИДЕО+ФОТО) Меган и Хари на специјална прослава за шест месеци брак: Во друштво на Бочели и наследникот Матео

За оваа пригода Меган облекла комбинација од марката Safiyaa. Црно долго здолниште, кое чини скоро 600. долари и блуза од 900. долари

Минале веќе шест месеци откако војвотката Меган Маркл (37) и принцот Хари (34) го рекле судбоносното „Да“, а парот одлучил тој ден да го минат сами, додека вечерта се упатиле на музичкиот фестивал Royal Variety Performance во Лондон.

Ова е првпат Меган да се појавила на овој настан, додека принцот Хари бил еднаш во 2015. година.Тогаш пееле Лејди Гага (32) и Елтон Џон (71).

На фестивалот оваа година настапиле „Take That“, Џорџ Езра (25), „Clean Bandit“, „The Tina Turner Musical“, Андреа (60) и Матео Бочели (21), а програмата ја водел Грег Дејвис (50).
Меган и Хари се запозале со некои од изведувачите, а во текот на разговорот со нив војвотката се држела за стомачето кое сега е невозможно да се скрие. Меган Маркл би требало да се породи кон крајот на март или почетокот на април.

За оваа пригода Меган облекла комбинација од марката Safiyaa. Црно долго здолниште, кое чини скоро 600. долари и блуза од 900. долари
Младата обожавателка Дарси-Реј Моус (7) ја поздравила Меган и и’ дала букет цвеќе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Доста со теории на завера за нашите слабости и „отрови“ при гласовите од народот за „Proud“ и Тамара Тодевска!

Доста веќе со теории на завера. Доста веќе бараме виновници на други места. Доста е …