(ФОТО) Му се заканувал доживотен затвор поради злостор што не го направил: Го спасило „селфи“!

На 21. годишно момче од Тексас (САД) му се заканувал доживотен затвор за злосторство кое не го направил, а го спасило само едно селфи…
Кристофер Прекопиа е уапсен во септември минатата година откако неговата бивша девојка го обвинила дека насилно и влегол дома и ја нападнал со скалпел, а тврдела дека и го направил знакот Икс на вратот.
Полицијата при апсењето му дала минимални информации, а неговиот адвокат за „КУВЕ“ открил дека на прашањето зошто е уапсен му одговориле.„Не се прави дека не знаеш!“.

Gepostet von Erin Pinkston Precopia am Freitag, 16. November 2018

Го обвиниле за насилно влегување со намера да направи натамошен злостор за што можел да добие и доживотна казна.
„Немав поим кој ме обвинува, ниту што се случува. Постојано се плашев штоќе се случи наредниот ден. Одев на спиење со надеж дека повеќе нема да се разбудам само за да избегам од стварноста“, раскажал Кристофер.
Неговите родители морале да позајмат 150. илјади долари за да можат да го платат адвокатот.
Се’ се покренало кога неговата мајка се сетила дека на датата на наводниот напад објавила селфи снимен во еден хотел, 113. километри оддалечен од куќата на неговата поранешна девојка. Благодарение на тоа успеале да докажат каде точно се наоѓал во тоа време.
„Имаше среќа што таа го избрала датумот и времето за кое тој имал цврсто алиби. Многу пати разговаравме за тоа дека имаше голема среќа“, рекол неговиот адвокат.
Кристофер потоа бил ослободен од обвинението а неговата бивша ќе мора да се соочи со обвинение за лажна пријава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за петок, 14.12.2018: Ова се обично оние денови во годината кога забрзано работиме на „прочешлување“ на годината која изминува и осмислување на иднината…

Транзит на Месечината преку знакот на Риби овој петок ќе не наведе да планираме настани …