Тони Китановски ќе одржи предавање во Музејот на Македонија за африканските корени на џезот

Џез музичарот Тони Китановски ќе одржи предавање во рамки на изложбата „Духовите на Африка“ поставена во Музејот на Македонија.

Предавањето ќе се одржи во кино салата на Музеј на Македонија во среда (21.11.) – 12:00 часот. После предавањето ќе следи водење низ изложбата „Духовите на Африка“.
Предавањето насловено: „Африканските корени на џезот: влијанијата на африканските ритми и мелодии врз северноамериканската, јужноамериканската и балканската музика“ ќе се концентрира на значењето на музиката во Африка врз развојот на современата музика и разните музички форми актуелни во 20-от и 21-от век, информираат од Музејот.
Воедно, предавањето ќе се темели и врз истражувањата и личните искуства на Тони Китановски со африканската музика и нејзиното влијание врз неговите композиции со повеќето состави со кои твори во последните 30 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Смртта на познатата глумица криена повеќе од еден месец?

Американската глумица Сондра Лок починала во 75. година. Според добиените информации Лок умрела на 3. …