Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција на 21-ви ноември во Капитол мол

„Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна” – светски ден за ХОББ
По повод светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ, 21-ви ноември, кој се одбележува под мотото ,,Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна”, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите за граѓаните, ќе организираат бесплатни прегледи за мерење на дишната функција. Прегледите ќе се изведат на 21.11.2018 година (среда) во период од 11.00 до 14.00 часот во Капитол мол во Аеродром, Скопје.

„Овој настан е од особена важност за да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на лицата кои страдаат од ХОББ.”, велат од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и од Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија

Тие додаваат дека еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, но дека поради разни причини како начин на живеење или самата срединам, препорачливо е сите кои се во можност да се проверат на бесплатните прегледи на 21-ви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Смртта на познатата глумица криена повеќе од еден месец?

Американската глумица Сондра Лок починала во 75. година. Според добиените информации Лок умрела на 3. …