„Травијата“ на 23. ноември во МОБ

Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за „Травијата“ чија изведба ќе биде на 23. ноември со почеток во 20. часот.
Безвременското либрето и живописните ликови на „Травијата“ ја сместуваат меѓу најпопуларните и истовремено најинтимните оперски ремек-дела на Џузепе Верди.
Режијата е на Верена Штојбер (Германија), сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија).
Во главните улоги настапуваат Сања Керкез (Србија), Иван Mомиров (Бугарија) и Горан Начевски.
Учествуваат оперски солисти, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
Диригент е Бисера Чадловска.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451
како и онлајн: www.mob.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Програма во „Јавна соба“ оваа недела!

Дали слушнавте за новиот курс во Јавна Соба? Прочитајте повеќе на линкот. И оваа недела …