Откриено колку години му требаат на срцето да се опорави од пушењето

Пушачите треба да почекаат 15. години откако ќе се ослободат од таа навика за да им се намали ризикот од болести на срцето и мозочен удар, покажало новото истражување.
Претходните истражувања покажувале дека ризикот од мозочен удар кај бившите пушачи се стабилизира во рок од пет години, но новото истражување покажува дека е потребно три пати повеќе време.
Извештајот кој е претставен на конференцијата на Американското здружение на срце, е прво истражување за поврзаноста на зголемениот ризик од таа болест и пушењето кај луѓето.
После анализата на податоците на 8.700 луѓе во распон од 50. години истражувачите на Вандербилт откриле дека на бившите пушачи им е потребно повеќе од 10. години за да се отстрани негативното влијание на никотинот и останатите хемикалии од тутунот во нивните тела.
„Срцето и крвните садови најбргу можат да се опорават од оштетувањата предизвикани од пушењето“, објаснува водачот на истражувањето Мередит Данкан, докторант на Универзитетот Вандербилт.

Плуќата се сосема друга приказна
Болестите на срцето е најчест убиец во сите земји на светот, вклучувајќи ги САД и Велика Британија. Од ден на ден има се повеќе заболени од срцевите болести предизвикани од дебелина, стрес, недостаток на вежбање и лоша исхрана, бројот на срца достапни за трансплантација е ист.
За среќа, еден од најголемите чинители на ризикот – пушењето, повеќе не е така „модерно“ како некогаш, поточно откако е објавена документацијата за цигарите во почетокот на деведесеттите од кои се дознало колку всушност цигарите му пречат на човечкото здравје.
„После објавувањето на информациите за влијанието на пушењето на здравјето, постојано се зголемува бројот на бившите пушачи, но не и знаењето за здравствените ризици кои го следат престанувањето на пушењето“, изјавила Данкан.

Последните години дел од бившите пушачи преминал на електронски цигари (сомнителна и недоволно проучена пракса која покажала дека ја предизивкува истата хемиска и зависничка состојба како и класичните цигари кои се палат).
Меѓутоа, многумина во потполност престанале да ги конзумираат тутунските производи, главно да се заштитат себе и своите сакани од зголемениот ризик од рак, болести на плуќа, болести на срце и ризик од мозочен удар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …