Дневен хороскоп за понеделник, 19.11.2018:Во комуникацијата со драгите лица не би требало да има недоразбирања, а и ако ги има лесно ќе ги решите!

Ни дојде понеделник, го дочекуваме во период на ретроградниот Меркур па немојте да се зачудите ако денес „ви зариба“ компјутерот, батеријата на мобилниот одеднаш се испразни, некој меил не испратите како што сте планирале…ако техниката ве издаде токму кога најмногу ви треба.
Оние кои се бават со ИТ денес би можеле да имаат „ден за памтење“, па бидете подготвени за она што ве чека. Можни се и недоразбирања во комуникациите, лошо пренесени вести, погрешно сфатени информации, така што денес не заборавете на важните деловни разговори, разговори со претпоставените, добро внимавајте што пишувате, од погрешно напишана информација тешко ќе се оправдате.
Во комуникацијата со драгите лица не би требало да има недоразбирања, а и ако ги има лесно ќе ги решите, затоа во вториот дел од денот фатете ја за рака саканата личност и избегајте од се во една долга зимска прошетка и наполнете се со позитивна неергија за утре. Пред вас е прекрасна вечер и убаво поминете си.

Овен
Работа
Непланирана средба со пријателите и интервју за работа може да донесе освежување на бизнис план. Акцентираниот е краток пат поради работа или размислување за работа на патот.
Љубов
Премногу идеализирате некој близок. Ако сте осамени, внимавајте на личноста која ви го привлекува вниманието може нешто да крие од вас.
Здравје
Лошо варење.

Бик
Работа
Уморни сте и сега сакате да се одморите во вашиот дом. Издржете уште некое време, бидејќи
мора да работите. Вашата банкарска сметка е речиси празна.
Љубов
Сте се повлекле и гледате на саканата личност од сенка.Слободните Бикови чекаат на повик, и би требало да се активираат.
Здравје
Пад на имунитетот.

Близнаци
Работа
Некои од вашите пријатели се обидуваат да ви помогнат да ја смените вашата работа, но сеуште не се чувствувате безбедно и не сакате да прокоцкате доверба на некого.
Љубов
Ви се допаѓа некој кој е во незавидна ситуација. Вашата потреба да помогнете, дадете совет и да бидете поддршката е многу нагласена.
Здравје
Болка во грбот.

Рак
Работа
Колегата е во супериорна положба и тоа ве лути. Вашите пократки отсуства од работното место ви донело нови промени. Подгответе се за посериозно прифаќање на обврските и поведете грижа за комуникацијата.
Љубов
Некој ве заинтересирал на прв поглед. Не брзајте со судот. Вие сеуште не знаете каква е таа личност и што може да очекувате од неа.
Здравје
Болка во грлото.

Продолжува на следната страна…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за петок, 14.12.2018: Ова се обично оние денови во годината кога забрзано работиме на „прочешлување“ на годината која изминува и осмислување на иднината…

Транзит на Месечината преку знакот на Риби овој петок ќе не наведе да планираме настани …