(ФОТО) Тошо Филиповски со отворен повик до Министерството на култура и Град Скопје за објективност и стручни лица при доделувањето на средствата!

Пред неколку месеци бевме сведоци кога на Министерство за култура се „фрлаше со се и сешто“ околу средствата кои беа доделени на годишниот конкурс за субвенции во проекти од национален интерес. Да не навлегуваме во детали, но ќе спомнеме дека тогашниот министер, Алаѓозовски, мораше да одговара на многу прашања…но конечен одговор јавноста не доби. Имаше спорни субвенции од по 75. па и 100. илјади евра за кои не постоеа многу објективни оправдувања, но затоа проекти како на пример „Македонска рок енциклопедија“ од Тошо Филиповски не без вреднувани како „важни“ и од национален интерес за македонската поп култура…и останаа без никакви субвенции…
Пред еден ден Тошо Филиповски на својот профил на фејсбук јавно, како и секогаш за се што работел до сега, го искажа својот став околу годинешните конкурси и за тоа какви луѓе треба да седат во тие комисии и да ги оценуваат и вреднуваат поднесените барања…
Писмото на Тошо Филиповски го пренесуваме во целост.

loading...

„Почитувани пријатели, лични и од facebook – Во средата, во предвиденото време, исполнив уште една “граѓанска должност” – аплицирав на редовниот годишен конкурс во Министерството за Култура. Месец дена пред тоа го испочитував и конкурсот во Град Скопје. Тоа значи дека сум навлезен во фазата на собирање на средства за објавување на втората книга, која ќе ја одбележи 50 годишнината од почетокот на дискографското (винилно) творештво на Македонската рок сцена, книга која веќе ја најавив – “Македонска Рок Дискографија 1969-2019, Винили”. Работата/подготовките оди со предвиденото темпо, и како што ветив – промоцијата ќе биде во Мај 2019 година. Се надевам дека по објавата на резултатите на овие два конкурси ќе нема тензични ситуации како минатата година….искрено верувам дека овојпат во Комисиите во Министерството за Култура и во Град Скопје ќе бидат вклучени и личности/музичари кои ја познаваат/или и самите се дел од урбаната (пред се музичка – рок – сцена) и кои ќе знаат/можат/сакаат да подржат проекти кои потекнуваат и се однесуваат на рокенрол заедницата – меѓу нив и споменатата монографија (500 full color А 4 страници со бонус 10” винилна компилација). Но, за да не оставам се на нечија добра волја/лоша проценка, овде, преку социјалнава мрежа, ќе се обидам да го понудам (еве го нудам ) проектот/монографијата и на заинтересирани комерцијални спонзори кои можеби во неа ќе препознаат интересен производ преку кој може да претстават своја реклама/бренд….или можеби ќе се најде некој мецена/љубител на рокенролот кој ќе посака да ја поддржи истражувачката приказна или печатењето на книгата. Бидејќи никогаш не сум бил со само еден проект на кој работам (паралелно ги средувам и информациите/податоците/контурите за уште 3 капитални изданија поврзани со историјата на Македонската Рок Сцена), поддршката која ја барам се однесува/ми е потребна за еден подолготраен истражувачки процес кој изискува и посветеност (неа ја има во изобилие) но и финансиски средства и техничка опременост (со обете особено лошо стојам :() – потребни за патување, “копање”, обработка, дигитализирање, архивирање, објавување….. Можеби е невообичаен начин но ете, доколку знаете/сте некој кој може да помогне – би бил благодарен ако само и добијам некој контакт каде да се обратам – со кого да поразговарам. Во најмала рака, и добар муабет и морална поддршка … едно кафе-муабет…..значат многу. :)“


Почитувани пријатели, лични и од facebook – Во средата, во предвиденото време, исполнив уште една “граѓанска должност” –…

Gepostet von Филиповски Тошо am Samstag, 17. November 2018


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …