(ФОТО) Моден дуел: Меланија Трамп или Моника Бабиш!?

Моника Бабиш, прекрасната сопруга на чешкиот премиер Андреј Бабиш, го привлекла вниманието на светските медиуми на самитот што се одржа во Париз на 11. ноември.


На настанот по повод 100.годишнината од крајот на Првата светска војна, имаше многу државни лидери, придружувани од нивните поубави половини.

Медиумите ги споредувале сопругата на чешкиот премиер Андреј Бабиш, Моника, со сопругата на Доналд Трамп, и веќе го добила прекарот чешка Меланиа Трамп.


Всушност, постојат сличности – и двете се убави – никој не проценува која повеќе, и двете даваат јавни изјави, и двете се осомничени за симпатии кон Кремљ, и ниту една од нив нема јасна стратегија за надворешна политика.


Сите ние сме ја слушнале изреката дека зад силен маж стои јака жена. Па, во овој случај, и двете можат да се пофалат дека „зграпчиле џекпот“.

Моника и Меланиа освојувале со своите модни изданија во Париз, откако и двете демонстрирале беспрекорен стил, на настаните по повод 100.годишнината од крајот на Првата светска војна.
Моника и Меланиа избрале сиви фустани изработени од густа ткаенина, пресечени на долниот дел. Акцентот и на двете тоалети паднла на долга јака, слична на мека шамија.

Двете дами импресионирале со своите стилски облеки во текот на нивниот престој во Париз.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, …