(ФОТО) Кристиано Роналдо се свршил: Георгина се пофалила со прстенот!

Извор близок до парот за португалските медиуми потврдил дека познатиот фудбалер се свршил со својата девојка Георгина и открил дека идната невеста веќе тргнала во потрага по венчаница…

Фудбалерот Кристиано Роналдо (33) наводно се свршил со девојката Георгина Родригез (24), пренесува „Мирор“. Како што наведуваат португалските медиуми, ѕвездата на Јувентус ја запросил Георгина една година по раѓањето на нивната ќерка Алана Мартина.
Шпанската манекенка на Инстаграм профилот објавила фотографија на која може да се види дијамантски прстен што веднаш ги поттикнало гласините за можната сцвршувачка.

Извор близок до парот за португалските медиуми ги потврдил шушкањата за венчавка и додал дека Георгина веќе интензивно тргнала во потрага по венчаница. Георгина и Роналдо се запознале во 2016. година во Мадрид на забава на модната куќа Dolce & Gabbana, каде атрактивната Шпанка го освоила Роналдо „на прва“.

Во средината на ноември 2017. година парот ја добил ќерката Алана Мартина а на породувањето со девојката бил и самиот Роналдо кому тоа му е четврто дете. Освен најмладата Алана Мартина, го има и синот Кристиано Јуниор (8) и едногодишните близнаци Ева и Матео.

Веќе порано се шушкало дека Роналдо ја запросил својата девојка кога на социјалните мрежи објавила фотографија со прстен на раката. Имено, португалскиот фудбалер во 2010. година ја запросил руската манекенка Ирина Шајк (32) но не дошло до венчавка.

Веќе некое време се нагаѓало дека Кристиано и неговата Георгина би можеле да раскинат со оглед на обвинувањата за силување кои го следат Роналдо. Американката и бивша манекенка Кетрин Мајорга (34) неодамна го обвинила Кристиано за силување кое се случило во 2009. година во Лас Вегас, но не била единствена. Освен неа, се јавиле уште неколку жени кои ја потврдиле нејзината приказна и рекле дека Роналдо сексуално ги искористил.

„Откако ме силуваше, ми се извини, Клекна и ми рече дека е 99 отсто добар дечко, но дека за останатиот еден процент ниту самиот не знае“, рекла Мајорга за интервју за германски Der Spiegel.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …