(ВИДЕО+ФОТО) 10. годишно девојче се обидело да се убие поради малтретирање во училиште

Насилството меѓу врсниците е се’ поголем проблем,а трагичната приказна и се случила на петчлено семејство од Вочестер во Англија.
Десетгодишното девојче Лили -Џо се обидело да се убие само еден ден пред роденденот бидејќи нејзините врсници во школо непрекинато ја малтретирале.
„Мојата ќерка се бори за живот поради насилници“,изјавила скршената мајка Џес Браун за Worcester News.

„Видов дека нешто не е во ред,седнавме и ми призна дека испила таблети.Лекарот ни рече дека веднаш мора да оди во болница. Мислев дека ќе умре. Никој не сакаше да и помогне“, раскажала таа.
Несреќното девојче врсничките ја кубеле за коса, ја туркале, со нејзината глава удирале во орманчето па дури и и’ застанувале на ногата која и била скршена.

Мораме да пронајдеме ново школо бидејќи е преплашена од самата помисла на враќање. И се потсмеваа, ја набљудуваа во соблекувалната и ја нарекуваа дебела. Беше се’ полошо“, раскажала Браун.
Девојчето се обидела да го реши проблемот во училиштето и побарала помош, но никој не ја сфаќал сериозно.Откако се обидела да се убие, нејзината мајка отишла да разговара со родителите на девојчето кое ја малтретирало, но тие само и се насмевнале.

„Сакав да сфатат што постапките на нивната ќерка и направија на моето девојче, но ми се изнасмеаа и ме пцуеа“,рекла мајката.
Освен што на Фејсбук,како предупредување, објавила фотографии од ќерката од болничкиот кревет,Џеси Браун снимила и едно минутно видео во кое нејзината ќерка објаснила низ што се минувала.

Gepostet von Jess Brown am Freitag, 9. November 2018

„Ми се гади што ја малтретираа и дека никој ништо не направил“,се пожалила Браун.
Директорката на школото Витон за Worcester News изјавила дека сериозно ги сфатиле обвинувањата и веднаш преземале дејствија кои ќе утврдат што се случило и зошто нивната ученичка се обидела да се убие.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …