(ФОТО) Ресторан кој ги послужува „последните“ оброци на осудените на смрт

Некои од оброците изгледаат Ок. На пример, ако нарачате мени од Џуди Буоноано, веројатно ви е блиска вегетаријанската кујна, со оглед на тоа дека се состои од брокула, шпаргли, јагоди, компири и врел чај. Од друга страна, ако ваш избор менито на Гери Гилмор, ќе уживате во хамбургер, помфрит, тврдо варени јајца и во три чаши Џек Даниелс.

Одамна знаеме дека во Јапонија има многу необични нешта. А последната бизарност која ни доаѓа од Земјата на Изгрејсонцето се однесува на еден ресторан. Не, не послужува чудна храна, не изгледа “ненормално“, но во најмала рака има необични менија.

Имено, храната која е можно да се нарача се оброците на осудениците на смрт во Соединетите Американски држави, т.е. нивните последни јадења. Ресторанот се наоѓа во Токио, во квартот Шинјаку, а се вика Нинген. Не е само ресторан туку и уметничка галерија, така што тука, освен што ќе го изедете псоледниот оброк на Тед Банди, можете да уживате и во уметноста.

Некои од оброците изгледаат Ок. На пример, ако нарачате мени од Џуди Буоноано, веројатно би е блиска вегетаријанската кујна, со оглед ан тоа дека се состои од брокула шпаргли, јагоди, компири и врел чај. Од друга страна, ако ваш избор менито на Гери Гилмор, ќе уживате во хамбургер, помфрит, тврдо варени јајца и во три чаши Џек Даниелс.

Во секој случај, идејата на овој ресторан веројатно е малку морбидна, така што е отворен само во ореден дел од годината. На пример клучот во бравата во 2018. година е ставен кон крајот на октомври, непосредно пред Ноќта на вештиците, а работел само неколку недели.
Според податоците на Amnesty International, 23. земји во 2017. година погубиле 993. лица, иако се верува дека бројот е всушност многу поголем. Јапонија, САД, Сингапур и Тајван се најразвиени земји кои ја задржале смртната казна, додека од европските земји одземањето живот за тешки казнени дела се казнува уште само во Белорусија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …