(ВИДЕО) Кристиано Роналдо со семејството на АТП финалето во Лондон!

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо се нашол во „02“ арената во Лондон каде го следел мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Ишнер.

Роналдо во арената пристигнал во друштво на својата девојка Георгина Родригез и синот Кристиано Јуниор кои допатувале на одмор во Лондон, а оваа прилика ја искористиле да проследат еден меч од завршниот тениски турнир,оној помеѓу Ѓоковиќ и Ишнер.

Роналдо ја искористил приликата да дојде на овој меч бидејќи почнала репрезентативната пауза, а тој одлучил во овој циклус да не настапува за својата репрезентација, во циклусот Лига на нации.

Роналдо одлично се забавувал а камерите забележале како едно топче завршило во неговата ложа.Во еден момент Роналдо се обидел да фати едно топче кое одело кон нив, но тоа не му успеа па ја погоди неговата девојка во глава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на …