(ВИДЕО+ФОТО) ГН на Бразил:Нова пол позиција за Хамилтон, Фетел ќе стартува втор!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата пред денешната трка за ГН на Бразил, која е претпоследна во оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Британецот до 10. пол позиција оваа сезона, а негова 82. во кариерата стигна со предност пред Себастијан Фетел од 93 стотинки. На третото место се позиционира Валтери Ботас, а зад него ќе бидат Кими Раиконен и двата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикардо.

Сепак, конечниот исход пред утрешната трка може да биде променет, бидејќи на Хамилтон и Фетел им се заканува казна. Британецот во текот на квалификациите го успори Раиконен, додека Германецот направи неколку прекршоци по крајот на вториот дел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Македонските фудбалери се подготовуваат за мечот со Украина

По дебито на ЕП со селекцијата на Австрија и поразот од 3-1, Македонија веќе ги …