(ВИДЕО+ФОТО) Бизарен момент: Видеото во кое Макрон го гали коленото на Трамп станал вирален хит!

На состанокот во Елисејската палата во пресрет на одбележувањето на крајот на Првата светска војна, францускиот претседател Емануел Макрон срдечно го дочекал Доналд Трамп, а видеото од нивниот разговор во кое Макрон ја става раката на коленото на Доналд Трамп и го нарекува „пријател’ многу бргу станала хит на интернет.
Претседателите Емануел Макрон и Доналд Трамп се сретнале во саботата за да поразговараат за одбранбените трошоци на НАТО, а снимката од нивниот разговор набргу станала предмет на исмејување на социјалните мрежи.
Откако се бакнале и прегрнале пред Елисејската палата, следел разговор во текот на кој францускиот претседател во еден момент ја ставил раката на коленото на Трамп и нежно го погалил, нарекувајќи го „пријател“. Видно збунет Трамп се трудел да одглуми како ништо да не се случило, не свртувајќи го погледот од камерата, а снимката набргу била искроистена како шеговито меме.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …