(ФОТО) Ѕвездата на Барса восхитила со скромноста: Користи јавен превоз!

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Стеген предизвикал воодушевување на клупските навивачи, но и пошироката спортска јавност откако е виден како користи јавен превоз.
Фотографијата од сликаниот, скромен,Марк-Андре тер Стеген, снимен во возење со подземна железница во Барселона, поради својата специфичност бргу се проширила по медиумите. Социјалните мрежи, пак, вријат со пофалби на сметка на Германецот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Марк-Андре тер Стеген всушност е редовно гледан во прошетка по градот или како вози скутер во извршувањето на секојдневните животни и клупски обврски.


„Фотографијата е значајна бидејќи фудбалерите обично се движат индивидуално со скапи автомобили чии прозорци се затемнети за да го скријат својот идентитет. Меѓутоа, Марк-Андре тер Стеген е поинаков. Германецот нема проблем со славата и со своето однесување е добар пример на сите останати“, пишува Mundo Deportivo восхитен со скромноста на 26. годишната ѕвезда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

4 работи со кои не смеете да претерате: Можат да влијаат на вашето здравје

Би се рекло дека сè што не е умерено може на некој начин да ни …