(ВИДЕО+ФОТО) Една смеса за 4. видови ситни колачи: Можат да бидат и’ посни и мрсни – без печење!

Направете малку повеќе од основната смеса и во неа додајте додатоци по желба!
Состојки за основна смеса.
500 г маргарин
300 г шеќер во прав
800 – 900 г. мелени бисквити (посни)
200 г бело чоколадо (за пост може и посно бело или црно)
150 мл сок од портокал
Додатоци:

3 лажици афион
3 лажици кокос
мала шоља вишни
2 лажици какао
1 лажица рум
100 – 1650 г крем од лешници
вкупно половина шоља суво овошје по избор (суви кајсии, смокви, сливи, брусници, грозје)
Подготовка:во соодветен сад ставете ги омекнатиот маргаирн и шеќер во прав и измешајте. Додајте чоколадо, истопено, мелени бисквити, за почеток половина па постепено додавајте го остатокот и на крај сокот од портокал,се’ убаво измесете.
Поделете на 4 еднакви дела.


Во првиот дел додајте го афионот, во вториот кокосот, во третиот какао и рум и во четвртиот мелените лешници и сувото овошје – ситно сечкано.
Убаво измешајте ја секоја смеса.
Смесата со какао ставете ја на работна површина обложена со хартија за печење или прозирна фолија и обликувајте квадрат и вратете во фрижидер на половина час да се стегне. Кога ќе го извадите исечете на еднакви квадрати и на секој ставете една вишна.


Смесата со кокос ставете ја на работна површина исто така обложена со фолија и расукајте од неа да добиете кора, намачкајте со кремот од лешници и, со помош на фолијата, завиткајте во ролат. Ставете во фрижидер. Кога ќе се стегне исечете на кругови и послужете.


Смесата со суво овошје ставете ја на работна површина и со помош на фолијата обликувајте триаголник или ставете во триаголен калап, ако имате, па префрлете во фрижидер. Кога ќе се стегне сечете на триаголници и наросете со мелени лешници.

Од смесата со афион направете бомбици кои можете да ги валкате во афион или натопете во топено чоколадо.

Колачите наредете ги на чинија и послужете. Пријатно!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГО ПРАШАЛА ДЕЧКОТО ЗА ШТО ФАНТАЗИРА ВО КРЕВЕТ, А ПОДОБРО ДА НЕ ГО НАПРАВИЛА ТОА! „Тоа беше најпогубната реченица што некогаш сум ја слушнала“

Кога го прашала своето момче за неговите интимни желби, добила одговор кој ја шокирал. Дали …