(ФОТО) Познати групите за завршниот Мастерс во Лондон: Ѓоковиќ и федерер носители!

По конечното откажување на Рафаел надал кој замина на операција, носители на групите се првиот тенисер во светот – Новак Ѓоковиќ и третиот – Роџер федерер.
Во Лондон од 11. до 18. ноември ќе се игра завршниот Мастерс турнир на кој ќе учествуваат осум тенисери. Организаторот ги објави составите на двете групи со по четири играчи.

Во групата „Гуга Куертен“ се: Новак Ѓоковиќ – првиот светски рекет и најдобар српски тенисер, Александар Зверев од Германија, Хрватот Марин Чилиќ и Џон Изнер од САД.

Во групата „Лејтон Хјуит“ ќе играат: Роџер Федерер (Швајцарија), Кевин Андерсон (Јужна Африка), Доминик Тим (Австрија) и Кеј Нишикори (Јапонија).
Во случај на некое откажување во Лондон, алтернатива ќе бидат победникот во Париз, Русинот Карен Хачанов и хрватскиот тенисер Борна Чориќ.
Двајцата првопласирани од секоја група одат во полуфиналето во полуфиналето.
Минатогодишниот победник Григор Димитров нема да има можност да го брани трофејот.
Завршниот Мастерс во Лондон се игра од 11. до 18. ноември во арената „02“ а директните преноси можете да ги следите ан каналите на Спорт клуб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …