(Рецепт) Напиток кој ги чисти плуќата: Без отрови во телото за неколку дена!

Напитокот од ѓумбир, кромид и куркума е природен лек кој помогнува во детоксикација на плуќата.
Ако сте бивш пушач можно е да имате токсини во плуќата предизвикани од лошата навика, а природната медицина подарува рецепт за напиток кој ги чисти плуќата, а се прави од само три состојки.

Ѓумбир
Овој древен зачин од дамнина се користи поради своите исцелителски својства. Исто така помогнува во елиминирањето на одвишната слуз во плуќата.

Кромид

Кромидот како и лукот има антиканцерогени својства. Посебно е делотворен во спречувањето на болести на дишните патишта.

Куркума
Куркума или индиски шафран е преполн со витамини и минерали, а содржи и супер здрави омега 3 масни киселини. Има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства па секако својата секојдневна исхрана збогатете ја со овој зачин.

Потребно е: 400 г кромид, 1 литар вода, 400 г шеќер (или користете мед или јаворов сируп доколку скаате поздрава варијанта), 2 лажици куркума, корен ѓумбир со големина на палец.
Подготовка: на водата додајте и шеќер ставете на рингла и оставете да зоврие. Главичките кромид исчистете ги и исечете на четвртини, исечкајте го исчистениот корен ѓумбир и додајте во смесата. Намалете ја температурата. Оставете мешавината да се вари додека количеството не се намали за половина.Потоа исцедете и истурете во тегла. Кога потполно ќе се излади префрлете во фрижидер и оставете таму до употреба.
Од овој еликсир земајте секое утро, на празен стомак, по две лажици, а навечер, исто така по две лажици, два часа после оброкот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) 10. годишно девојче се обидело да се убие поради малтретирање во училиште

Насилството меѓу врсниците е се’ поголем проблем,а трагичната приказна и се случила на петчлено семејство …