Моден викенд Скопје објавува отворен повик за учество на „Шоурум“ – „Обединета мода“

Ако сте дизајнер од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Турција и Вашата цел е меѓундародна презентација и развој на брендот, тогаш Вашето место е нашоурумот „ОБЕДИНЕТА МОДА“.
ШТО СЕ СЛУЧУВА: Моден викенд Скопје кој е дел од интернационалното здружение кое го реализира проектот „Обединета мода“ (United Fashion ) и идната година ќе биде домаќин, обајвува отворен повик за сите домашни и регионални дизајнери кои ќе земат учество за време на Моден викенд Скопје од 29 март до 1 април 2019 година.
Со нашите партнери ќе одбереме вкупно 36 регионални и дизајнери од Европа (Белгија, Франција, Португалија, Фландрија, Латвија, Германија и Велика Британија) кои ќе бидат учесници на шоурумот во Скопје за да го презентираат и запознаат модниот (текстилниот) пазар на Југоисточна Европа.

Шоурумот ќе го посетат интернационални купувачи и претставници на медиумите. Исто така селектираните учесници ќе имаат шанса да учествуваат на средби за вмрежување и работилници.
Активностите ќе вклучат презентација на ЈИЕ пазарот од страна на професионалците од индустријата, презентации од селектирани локални производители, посета на фабрики од страна на селектираните дизајнери и букирани Б2Б средби помеѓу дизајнерите учесници и локалните производители.
НАШАТА ЦЕЛ: Главната цел на проектот „United Fashion SEE Showroom“ во Скопје, 2019 година е промоција на модните дизајнери од Југоисточна Европа пред интернационалните купувачи и претставници на медиумите како и поврзување на дизајнерите од Европска унија со македонските
фабрики. Проектот зазема пристап за зајакнување на конкурентноста преку
мулти-државна соработка меѓу поединците и малите и средни претпријатија во модниот сектор во регионот и за промоција на ЈИЕ како една економска област на меѓународната сцена.
КОИ СЕ НАШИТЕ ПАРТНЕРИ: Освен Моден викенд Скопје дел од проектот „United Fashion“ се европските здруженија за поддршка на модната индустрија: MAD Brussels (Белгија), Flanders DC (Фландрија), ModaLisboa (Португалија), Baltic Fashion Federation (Латвија), Maison de Mode (Франција), Fashion Council Germany (Германија) and Not Just A Label (Велика Британија).
„Обединета мода“ ја доби и поддршката од програмата „Creative Europe“ на Европската унија.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ : Апликацијата и повеќе детали ќе најдете на следниот
линк https://fashionweekendskopje.mk/mk/uf-mk/moden-vikend-skopje-objavuvaotvoren-povik/
Пополнетата апликација испратете ја на info@fashionweekendskopje.mk и info@united-fashion.eu , најдоцна до 5. декември, 2018 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …