(ВИДЕО) Посебниот во негов стил: Ги провоцирал навивачите на „Јувентус“!

Во дербито на вечерта на Лига на шампионите, Манчестер Јунајтед во Торино го победил Јувентус со 2:1, постигнувајќи два гола во последните пет минути на натпреварот.
Јувентус доминирал во текот на целиот натпревар, водел со 1:0, имал низа одлични шанси, при што два пати имале статива, но победата среќно и спретно им припаднала на гостите. На Јувентус му требал еден бод за да и математички обезбеди минување, но на крајот Црвените ѓаволи ја шокирале старата дама.
Во првото полувреме немало голови, а најблиску до погодок бил Јувентус во 36. минута кога Сами Кадира погодил пречка. И’ Дибала во 49. година погодил статива, а голот го постигнал Кристиано Роналдо и тоа на својот бивш клуб.Тоа бил негов прв погодок за старата дама во Лига на шампионите. Изедначил Мата во 85. минута од слободен удар, а гостите го шокирале Јуве во 89. минута кога во една гужва Бонучи ја испратил топката во сопствената мрежа.

После натпреварот дошло до мал инцидент. Жозе Мурињо славејќи ја победата ги испровоцирал навивачите на Јувентус, а неговата реакција била предизвикана од скандирањето на дел од навивачите на Јувентус.
„Interista pezzo di merda“ (во слободен превод тоа би значело Интеровец вреќа полна со гомна) му скандирале навивачите на Јувентус на бившиот тренер на Интер. Реакцијата на Мурињо не му се допаднала на Бонучи кој на центарот на теренот влегол во кус вербален судир со Португалецот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …