(ВИДЕО) Неверојатно: Рамос на играч му го искршил носот а не добил ниту жолт картон!

Реал славел со 5:0 на гостувањето кај Викторија Плзен. При 0:0, Серхио Рамос требало да добие директен црвен картон откако со лакт му го искршил носот на играч на Плзен. Никој од судиите не го видел тоа...
Реаловците можат да здивнат. УЕФА од следната година ќе воведе ВАР (видеотехнологија).
Бидејќи кога ВАР би бил на сила, „пргавиот“ играч на Реал Мадрид, Серхио Рамос би добил директен црвен картон. Неговото удирање со лакт на натпреварот против Викторија Плзен главниот судија Дениз Аеткин ниту неговите помошници не го виделе, но тешко дека би им избегало на судиите во сопчето во кое имаат на располагање 10. камери кои го следат секој агол од теренот.

Реал бил убедлив против Плзен во Чешка со 5:0 во 4. коло на Лига на шампионите. Бензема погодил за 1:0 во 21. минута, само неколку минути пред тој водечки гол на Реал, Рамос го удрил Милан Хавел со лакт по главата и му го искршил носот.
Додека на неговиот соперник од носот му течела крв, Серхио Рамос со исчудување гледал кон судијата како да нема поим што се случило. Можеби барал фаул бидејќи носот на Хавел направил многу штета на неговиот лакт.
Хавел се обидел да продолжи но морал да излезе пред крајот на полувремето. Само две минути после Бензема, гол дал и Каземиро, за 2:0. Бензема бил расположен, до полувремето тој и Беил постигнале по еден гол за 4:0 за реал во Плзен.
Во продолжување за конечните 5:0 погодил Тони крос во 67. минута.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …