(ВИДЕО) Неверојатно: Манчестер Сити добил пенал после најлошо симулирање во историјата!

На Етихад, во рамките на 4. коло на Лига на шампионите, играле Манчестер Сити и Шахтар.
Овој меч бил посебен поради неверојатната грешка на судијата Виктор Касаи кој во 24. минута на Сити му подарил пенал, кој Габриел Јесус го претворил во водство од 2:0 за домаќините.

Стерлинг трчал кон голот на Пјатов, зад грбот му бил Мукила Матвиенко, но играчот на Шахтар внимавал да не го допре играчот на Сити за да не направи пенал. Стерлинг се сопнал од тревникот, а потоа во еден момент паднал како Матвиенко „да го покосил“ со двете нозе, а иако немало никаков директен контакт Касаи покажал на белата точка.
Играчите на Шахтар не можеле да поверуваат што досудил унгарскиот судија, Пјатов се фаќал за глава, Стерлинг мудро молчел, но немало промена. Сити добил пенал после едно од најлошите симулирања во историјата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …