(ФОТО) “Сите ние сме ангели”: Жените што носат големина 38. го посрамотиле брендот „Викторија Сикрет“

Но, иако опозициската страна во едно е во право, факт е и дека за плус сајз манекенки се сметаат и оние девојки кои го носат бројот 38., што ќе се согласите со нас, никако не претставува нездраво тело и прекумерна тежина.
Кога ќе помислите на спектакуларната ревија на „Викторија Сикрет“, веднаш помислувате на високи и слаби манекенки без грам маснотија на нив.
За манекенките чиј телесен опсег ја надминува големината 36., овој светски популарен бренд сè уште не го пронајде местото на својата писта. Тој проблем веќе со години ги вознемирува многу плус сајз манекенки кои се борат за еднаквост и претставување на различна убавина.

Една од многуте популарни плус сајз манекенки Робин Лоули одлучила да направи нешто порадикален потег во соработка со брендот за долна облека „Simply Be“, кој креира долна облека исклучително за жени кои носат броеви над 38. Односно, таа организирала ревија-протест под името “We Are All Angels”.

Робин кампањата под исто име ја започна пред помалку од еден месец, а нејзината цел е да стигне до одговорните лица во „Викторија Сикрет“ и да ги отвори нивните врати за жени со различни големини. Покрај тоа, кампањата има и хуманитарна цел што значи дека за секоја објавена фотографија на Инстаграм со хештегот #WeAreAllAngels на една бездомничка ќе ѝ биде дониран градник.

View this post on Instagram

I have started an online petition -link in bio 👆 JOIN ME and lets help change the minds of Victoria’s Secret to be more diverse and inclusive of body shapes and sizes on their runways! Victoria Secret have dominated the space for almost 30 years by telling women there is only one kind of body beautiful. – you can read more in the link of my bio why it’s so important to encourage diversity for our future daughters sake. Until Victoria’s Secret commits to representing ALL women on stage, I am calling for a complete boycott of this year’s Victoria’s Secret Fashion Show. It’s time Victoria’s Secret recognized the buying power and influence of women of ALL ages, shapes, sizes, and ethnicities. The female gaze is powerful, and together, we can celebrate the beauty of our diversity. It’s about time Victoria’s Secret celebrated the customers that fuel its bottom line. Will you join me? 1 Sign the petition! 2 Encourage your friends not to tune in or attend the Victoria’s Secret Fashion Show share a photo of yourself on Instagram, as you are (not airbrushed and beautiful), use the hashtag #weareallangels to share what makes you uniquely beautiful, please tag me so I can see (@robynlawley) and @ThirdLove For every person who shares a post with #weareallangels hashtag, ThirdLove will donate one bra to @isupportthegirls (a national non-profit that collects and distributes bras to homeless women and girls around the country !!!)

A post shared by Robyn Lawley (@robynlawley) on

Ревијата и кампањата ги поделиле мислењата кај корисниците на социјалните мрежи, бидејќи додека едни го поздравија ова движење и се залагаат за разновидност, многумина од друга страна сметаат дека плус сајз манекенките не се добар пример за младите девојки, бидејќи промовираат дебелина и нездрав начин на живот.
Но, иако опозициската страна во едно е во право, факт е и дека за плус сајз манекенки се сметаат и оние девојки кои го носат бројот 38., што ќе се согласите со нас, никако не претставува нездраво тело и прекумерна тежина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …