(ФОТО) 4. рецепти за слатко уживање без брашно

Пробајте: нежна ванила, чоколаден сон, рафаело топчиња и поинаква реформ торта…

Чоколаден сон
Потребно е: 9 јајца, 140. г шеќер, 160 г путер, 200 г. црно чоколадо, 200 г печени лешници, 50 г мелени бисквити, 4 лажици горко какао, 80 мл рум, 2 лажички прашок за печиво, 1/2 лажичка цимет, лажичка екстракт од ванила.
Фил: 500 мл слатка павлака, 200 г црно чоколадо (70% какао), 2 лажици горко какао, 100 г „нутела“, 1/2 кесичка желатин во прав, 2 лажици рум.
Прелив за корите: 200 мл млеко, 3 лажици рум, 1 лажичка екстракт од ванила.
Подготовка: прво направете го филот – изматете го какаото со малку слатка павлака и потоа вмешајте во павлаката која сте ја загреале до вриење. Чоколадото искршете го на коцки и лесно додајте во топлата павлака, лесно измешајте. Желатинот истопете го во 2 лажици вода, оставете да набабрува 10 минути, па лесно загрејте да се истопи и вмешајте во филот. Оставете се’ добро да се излади, секако претходно добро измешајте. Потоа додајте „нутела“, рум и се’ лесно изматете да се поврзат состојките.
Лешниците испечете ги во рерна или на рингла, излупете и ладни измелете. Бисквитите изронете ги многу ситно. На водена купка или во микробранова истопете ги путерот и чоколадото. Одвојте ги белките од жолчките. Од белките изматете цврст снег. Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте ги истопеното чоколадо со путер, бисквитите, лешниците, печивото, цимет и рум. На крај полека додајте го снегот од белките. Тава со обем од 28. см покријте со хартија за печење. истурете ја смесата и печете на 160. степени околу 45. минути. Кога ќе се излади пресечете на два пати да добиете три кори. Филот поделете го на три дела. Секоја кора натопете ја со преливот, намачкајте со фил и ако ви остане намачкајте од сите страни.

Рафаело бомбици
Потребно е: 250 мл слатка павлака, 2 кесички зацврстувач за шлаг, ванилин шеќер, 150 г кокосово брашно, 100 г бело чоколадо, 100 г печени бадеми или лешници
Подготовка: во слатката павлака ставете го зацврстувачот и изматете со миксер, додајте ванилин шеќер и кокос. Белото чоколадо истопете го со 2 лажици слатка павлака и лесно вмешајте во шлагот. Се’ измешајте со лажица. Смесата ставете ја половина час во фрижидер,потоа со лажичка вадете од смесата и на дланки покриени со кокос обликувајте топче а во средина на секое ставете бадем или лешник.

Поинаква реформ торта
Потребно за кората: 300 г мелени ореви, 250 г шеќер, 10 белки.
Фил: 160 г шеќер, 10 жолчки, 2 ребра чоколадо за готвење, 250 г путер.
Подготовка: измешајте ги оревите и шеќерот. Од белките изматете цврст снег и со лесни движења измешајте со оревите и шеќерот. Печете околу 25. минути во рерна загреана на 170. степени. Додека кората се пече подгответе го филот – изматете ги жолчките со шеќерот и истопеното чоколадо па смесата варете ја на пареа. Кога ќе се згусти тргнете од купката и додајте го иситнетиот путер и се изматете.
Тестото, кога ќе се излади, исечете го на три дела.Филувајте ја тортата и украсно намачкајте со филот.

Нежна ванила со банани
Потребно за корите: 5 белки, пудинг од ванила, 1 лажица мелени лешници, 5 лажици шеќер, 3 лажици масло
Фил: 700 мл млеко, 5 жолчки, 2 кесички пудинг од ванила, 120 г шеќер во прав, 2 кесички ванилин шеќер, 100 г путер, 200 мл цврсто матена слатка павлака, 3 банани.
Подготовка: белките изматете ги во цврст снег со шеќерот, потоа додајте масло, пудинг во прав и мелени лешници. Калап со големина од 24 см покријте со хартија за печење, истурете ја смесата и ставете во рерна загреана на 160 степени па оставете да се пече околу 25. минути. Испечената кора изладете ја и исечете на 3 еднакви делови.
Од млекото одвојте 150 мл па разматете ги пудингот, жолчките и ванилиниот шеќер. Во зовриеното млеко истурете ја смесата и сварете густ крем. Тргнете на страна и кремот покријте го со прозирна фолија,да не се фати коричка. Во ладниот крем додајте го путерот изматен со шеќерот во прав, убаво изматете и на крај додајте ја изматената слатка павлака.
Секоја коричка намачкајте ја со филот и тенко исечени банани. На крај тортата намачкајте ја со фил од сите страни, по желба украсете со шлаг или крупно рендано бело чоколадо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) 10. годишно девојче се обидело да се убие поради малтретирање во училиште

Насилството меѓу врсниците е се’ поголем проблем,а трагичната приказна и се случила на петчлено семејство …