(ФОТО) Протерани од медитеранскиот рај: Хотел во кој на мажите и децата им е забранет влезот!

Во „Сом Дона“ нема да сретнете мажи во ходниците ниту пак ќе слушнете весело тапкање со ноџиња – во овој рај под палмите можат да дојдат само жени постари од 18. години…
На источниот брег во Шпанија се наоѓа хотелот „Сом Дона“ кој прима исклучиво жени. Сместен е на Мајорка во бајковитото Порто Кристо.

Собите се уредени во розеви и бели тонови, како и интериерот кој е подреден на опуштање, уметност, здравото живеење се осмислени за да на жените им се понуди потполно уживање.
Во овој хотел нема да слушнете весело тапкање со ноџиња или детски плач бидејќи на децата, како и на мажите влезот им е забранет. За сите гости се грижи исклучиво женски персонал така што припадниците на брадестиот пол не можат да се сретнат ниту во ходникот.

Концептот на „Сом Дона“ не е феминистички туку станува збор за се’ поголемо побарување на сместување и содржини само за жени бидејќи патничките во такво окружување се чувствуваат најпријатно.

На три ката се распоредени 39. соби, а на располагање е и велнес со разновидни третмани за масажа и разубавување на лицето и телото. Во понудата на лонџ барот на пространата тераса се наоѓа и карта за смути кои внимателно ги осмислиле нутриционисти, а во ресторанот Меласа на менито се разновидни специјалитети на локалните и светски кујни подготвени така да здравјето и уживањето бидат во рамнотежа. Надворешниот базен со лежалки е како создаден за испивање шарени пијалоци со пријателките.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …