Победа на хуманите луѓе: Сара го почна лекувањето во Германија

Младата Сара Настоска го започна своето лекување во Германија…

Нејзините родители на Фејсбук со благодарност и повик на молитва се заблагодарија на сите луѓе кои се вклучија во акцијата за собирање на средствата за лекување на Сара.
Постот го пренесуваме во целост:
„Почитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство,
Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.

Веќе од 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.
Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.
Дозволете ни да го започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.
Вечно благодарни, од срце,
семејство Настески“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Ѕвезда на „Игри на троновите“ морала драстично да го промени изгледот и да ослабне за новата улога

Се емитува последната сезона на „Игри на троновите“ и фановите веќе го оплакуваат завршувањето на …