Спречете ја вирозата: Моќен тоник против вируси готов за 5. минути

Промените на времето во комбинација со пренатрупаниот распоред и стресот можат да го ослабнат имунитетот. Испробајте го овој едноставен а чудотворен напиток и спречете ги на време есенските вирози.
За да го одржите нивото на енергија и здравје на завидно ниво и во зимските месеци, навистина не ви е потребно многу труд и време.
А за овој тоник од ѓумбир, куркума и портокал не ви е потребен ниту соковник или некој сличен апарат.

Освен што е богат со витаминот Ц, антиоксиданси, „ги уништува“ вирусите и дава енергија,одлична помош е при грлоболка или нервоза на желудникот. Ѓумбирот и куркумата се веќе одамна познати со своите противвоспалителни својства, а нивниот вкус совршено го надополнува слатко-киселиот портокал.

Уште една состојка која овој напиток го прави моќен е медот манука. Има појако антибактериско делување отколку останатите видови мед. Секако, ако го немате при рака и сите други доаѓаат предвид. Колку медот има потемна нијанса толку појако антибактериско и антитоксидативно дејство има.

Рецепт за супер здрав тоник
1/2 шољичка исцеден сок од портокал
рендано парче ѓумбир (околу 1 сантиметар)
2 лажици мед манука (или друг)
прстофат куркума
Сите состојки истурете ги во поголема чаша и убаво измешајте.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Италија на посебен начин му се заблагодарила на момчето (13) кое ги спасил своите другари од „полуден“ возач на школски автобус!

Тинејџерот Реми Шехата (13) кој го надмудрил грабнувачот на школски автобус во Италија и така …